Македонија под влијание на циклон: Од утре постудено време со врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, информира УХМР.

Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 литри на метар квадратен.

Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 литри на метар квадратен дожд.

Текстот Македонија под влијание на циклон: Од утре постудено време со врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.