Повторно се вози без возачка, со забрана и во пијана состојба, само вчера полицијата привела 13 лица

Повторно се вози без возачка, со забрана и во пијана состојба, само вчера полицијата привела 13 лица на ниво на државата, меѓу нив и возачи од Свети николе и Кочани, кои возеле без возачка и со активна забрана. Како што информираат од МВР по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.“; велат од МВР

И понатаму, оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Иван Митев, М-Нет