Јанушев во Штип – Чувствуваме огромна поддршка од народот

Граѓаните ги препознаваат проектите  на коалицијата „Обнова на Македонија“ . Ја чувствуваме поддршката од граѓаните, посебно за проектите од витален интерес, како  изградба на експресните патишта во источнииот регион и најважно, изградба на клиничката болница во Штип. Игор Јанушев, носител на листата кандидати за пратеници од третата изборна единица на коалицијата „Обнова на Македонија“ имаше средба со земјоделците на пазарот во Штип.