Обид за силување во Пробиштип, физички напад во Штип

Утринава во Полициската станица Пробиштип, 43 годишна жена од Пробиштип  пријавила дека околу 01.00 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Пробиштип била физички нападната од Ј.Ј.(35) од Пробиштип, кој се обидел да изврши и обљуба врз неа. Ј.Ј. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот, по што против Ј.Ј. ќе биде  поднесена соодветна кривична пријава.

Вчера попладне Д.Д.(28) од Штип пријавил во СВР Штип дека на игралиште на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип бил физички нападнат од М.Ј.(61) од Штип. По комплетирање на случајот против М.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.