
Јануарските сметки за струја високи до плафон , велат анкетираните граѓани во Штип. За дел од нив оправдано бидејќи се грејат на струја, но друг дел децидни дека живеат сами, а сепак добиваат високи сметки за електрична енергија. Анкетираните велат овој месец сметките се двојни, иако штеделе речиси секој ден. Перење и готвење на евтина тарифа, вклучување помалку клима, се е во опција, но сепак резултатот неуспешен. На ова ако се додадат и давачките за вода и телефон, но и трошоците на лекови, многу потешко се поминува месецот.
Штипјани сметаат, иако има најавување да се покачат пензиите, сепак како што додаваат високите сметки за струја, вода и телефон, а потоа и високите цени во маркетите, ги јадат нивните примања, колку и да се зголемуваат.
Иван Митев, М-Нет