
Запленети над 40 тони марихуана, премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни работи Тошковски на местото на заплената.
Станува збор за марихуана, односно цвет од канабис, која според надлежните била произведувана и складирана спротивно на законските прописи и утврдените протоколи. Дрогата е привремено сместена во простории на МВР и ќе биде користена како доказ во истражната постапка. Владата најави формирање комисија која ќе го испита работењето на правните субјекти и ќе утврди кој работел согласно законот.
,,Имаме прилика да ги видиме овие 40 тони конфискувани првично одземени марихуана, кои што ги најдовме во рамки на првичната фаза од истрагата која што е спроведена. Станува збор за марихуана која што е констатирана од страна на комисијата при министерството за здравство, дека е произведувана, складирана, чувана надвор од оние утврдени портоколиврз основа на кои што требало да биде спроведена целовкупната постапка, значи незаконски е истата третирана од страна на фирмите од каде што беше одземена, така што истата ја скалдиравме привремено во рамки на простории на МВР, се со цел да биде искористена понатаму во рамки на доказната постапка. Продолжуваме со сите потребни активности во делот на истрагата, која што ја водиме заедно со обвинителството за организиран криминал и со останатите обвинителства низ Македонија, вклучени во рамки на овој процес. Се превземаат сите оние потребни чекори за да ја утврдиме фактичката состојба и да го расфетлиме овој случај.“, рече Тошковски
Премиерот Мицкоски од лицеместо потенираше дека очекува денес на седницата на Влада да се донесе одлука со која што ќе се формира комисија и тим која што че влезе во повеќе правни субјекти и ќе го испита работењето, по што ќе се констатира фактичката состојба, односно кој се правните субјекти кои работеле согласно закон.
,,Ова што позади мене можете да го забележете е дел од оние 40 тони на цветот канабис, нешто кое што претставува резултат на погрешни политики и на едно време кое што не би сакале никогаш да се повтори. Очекувам дека денес на седницата на влада ќе се донесе одлука со која што ке се формира комисија и тим, која што ќе влезе во повеќе правни лица, ќе го испита работењето и ќе констатира фактичка состојба, кој се тие правни субјекти кои што работеле согласно законот.“, порача Мицкоски
Премиерот нагласи дека сето она што се случувало во изминативе денови има за цел да се покаже дека нема компромис со неправдата, безаконието и дека истото мора да се совлада.
Иван Митев, М-Нет