Ноќи долги – новата песна посветена на загинатите во пожарот во Кочани од групацијата Емигранти

Ноќи долги е новата песна посветена на сите млади кои трагично загинаа, посебно во пожарот во дискотетката Пулс во Кочани, од трап- хип хоп групацијата Емигранти. Песната раскажува за неправдата и незадоволството на младите, кои ги истакнуваат секојдневно. Од оваа група се надеваат дека песната ќе го најде своето место, да биде испромовирана и за заживее помеѓу слушателите и гледачите.

Инаку, синглот претставува музички израз на болката и револтот кај младите. Од групацијата информираат дека се надеваат песната да биде промовирана и да допре до пошироката јавност.

Иван Митев, М-Нет