
238 000 ученици од утре се враќаат во училишните клупи, од нив 174 000 се основци,
а 64 000 се средношколци. Запишани се 14 952 првачиња и 16 932 ученика во прва година. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информираше дека се затворени 26 подрачни училишта во рурални средини во Македонија, а учениците наставата ќе ја продолжат во најблиските училишта.
,, Од податоците кои ги имаме во моментот имаме 238 000 ученици, односно 174 000 основци и 64 000 средношколци. Пристигнати се податоци за 14 952 запишани првачиња и 16 932 ученика во прва година.Конечните бројки ке ги имаме наскоро. Веќе информирав дека дополнителни 26 подрачни училишта во рурални средини, времено се затвараат, поради тоа што немаат запишано ученици или пак имаат малку ученици кои наставата ќе ја продолжат во најблиските училишта. Вкупната бројка на ваквите за жал, празни училишни објекти во Македонија изнесува 148“, соопшти Јанеска
Министерката Јаневска истакна дека има 433 паралелки помалку оваа година, 222 паралелки во основно, и 211 во средно образование, односно дошло до спојување на помалите паралелки една со друга, или приклучување кон поголемите, направено во интерес на учениците, за поголемо друштво, социјализација и натпреварување.
,,Еден друг процес за кој се заложивме е оптимизацијата на паралелките во постојните училишта што значи спојување на помалите паралелки една со друга или приклучување кон поголемите, а во интерес на учениците да бидат во поголемо друштво, да можат подобро да се социјализираат и да се натпреваруваат. Не е тајна дека со години опстојуваат две паралелки со по двајца ученика, на иста возраст, во исто училиште. Сега таквите ги обединивме и тоа во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава, 222 во основно образование и 211 во средно образование“, изјави Јаневска
Министерката Јаневска потсети дека од утре почнуваат со настава сите ученици во основните и средните училишта.
Ева Тушевска, М-Нет