
Одгледувачите на овци и кози вчера попладне во Штип одлучуваа кои следните чекори и кои барања ќе ги достават до Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за состојбата со овчата сипаница. Според нивни проценки на терен се угинат од 7.000 до 10.000 овци од болеста овча сипаница. Претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци и кози, Насер Џемаили на прес-конференцијата истакна дека сточарите меѓу барањата ќе го потенцираат и итното обештетување на сопствениците на стадата овци и кози, на кои им угинаа од овчата сипаница. Сточарите најавија дека доколку власта нема слух за нивните барање ќе отидат пред Владата со своите овци. Поддршка имаат и од Конфедерацијата на синдикални организации..
,,Со сточарите ќе креираме барања за да ги пратиме до Влада, до министерството и до сите институции за тие сточари што ја изгубија стоката, да им се обештетат штио побргу. Денеска имаме. Ситуацијата велат дека е смирена со болеста, но не е така на терен, навистина имаме голем проблем. Бројката од седум до 10 000 овци, но не е сигурна. Сигурно имаме и повеќе, гледаме дека и сточарите веќе се плашат да ги пријават случаите.“, вели Џемаили
Меѓу присутните на состанокот, беше и генералниот секретар на Конфедеарција на синдикални организации, Гоце Делчев Тодев, кој истакан дека истакна дека ја имаат поддршката.
,,Со тешко срце, после долг временски период излегувам пред камери и јавност како генерален секретар на конфедерацијата, меѓутоа ова што се случува со сточарството со овците во конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, силно одекна сето она што го слушаме како фрампантни бројки . Значи не можеме да бидеме како конфедерација излоирана и тргната на страна да гледаме што се случува, да се нарушува не само здравјето на стоката, туку и на стадата. Крајно сериозно гигледаме сите состојби до временски период не сакавме да настапиме јавно.“, вели Toдев
Милена Величковиќ, одгледувач на овци и член на Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци, побара институциите да реагираат и да се нормализира состојбата со овчата сипаница.
,,Не мораме да чекаме донации, ние овчарите сме спремни дури и сами да си ја платиме вакцината, зошто тоа е многу мала цена во однос на загубата која што е потенцијална кај секој овчар. Бараме вакцини постојано, мислам неколку месеци наназад како алармиравме и едноставно имаме чувство дека некаде работата кочи, а каде не знамее. Повикуваме сите институции да се соберат и да видат каде е проблемот.“; вели Величковиќ
Како што додаваат од Сојузот на одлегувачи на овци ситуацијата секој ден e се полоша, и се поставува прашањето дали сите оние кои ги изгубија своите стада, ќе се вратат повторно да одлегуваат овци. Од сојузот и натаму велат дека што побргу треба да се спречи ширењето на болеста, за да не згасне целосно сточарството во државата.
Иван Митев, М-Нет