Ѓоргиевски: Лажна е веста дека дете претепало вработен во малиот групен дом во Штип

Во Центарот за социјална работа во Штип вчера деца што на државна сметка биле сместени во мал групен дом претепале вработен. Ваква вест од утринава се шири по социјаните мрежи. Во продолжение следува опис за тоа како децата го претпеале вработениот користејќи ладно оружје. Што навистина се случувало во малиот групен дом кој е под ингеренција на Ценатрот за социјални работи Штип, го прашавме директорот Виктор Ѓоргиевски.

Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека проблемот е интерен, и веќе е надминат.

„Станува збор за интерен проблем за кој сметаме дека нема потреба од мешање на надворешни институции. Во текот на вчерашниот ден дошло до вербална расправија меѓу наше дете и наш вработен, но целиот случај го следел и друг вработен кој се јавува како непосреден сведок. Лажна е информацијата дека се употребувале ножеви и дека вработениот е претепан. Впрочем и тој самиот даде писмена изјава. Уште еднаш ќе повторам разговарано е со детето и вработениот и проблемот е надминат“ – кажа Ѓоргиевски.

Инаку, проблемот со децата оставени без родителска грижа е застапен и во Штип, но и на територијата на цела држава. Преку проект биди згрижувач, за кој поддршка даде и општина Штип се нуди поголема грижа за децата без родители или родителска грижа.

Лаура Стојанова М-Нет