Што се случува во Осогово, обвинувања, но и демантирања за наводни местенки во баражот!?

Екипата на Осогово и следната сезона ќе игра во Втората македонска фудбалска лига, иако го загуби баражот за опстанок од Шкендија Арачиново со 2:1, благодарение на среќата во ждрепката.

Но, иако Кочани ќе следи второлигашки фудбал и следната сезона низ кочанската спортска јавност, но и пошироко веќе кружат муабети за наводни местенки, за што имаше реакција во јавноста од страна на еден фудбалер од Осогово за локален медиум.

Како што кружат муабетите низ фудбалските кругови, а како што пренесуваат и дел од локалните медиуми од Кочани, дел од фудбалерите на Осогово биле обвинети дека наводно „местење на натпреварот“ од страна на управата, а како причина било нивната неангажираност на натпреварот?

На ваквото нешто еден од фудбалерите за еден локален медиум реагираше дека никогаш во својата кариера не учествувал во местење на натпревари, но и сите фудбалери кои се споменуваат најавуваат дека ќе реагираат за сите случувања.

Останува да видиме како ќе се одвиваат овие муабети кои кружат низ спортската јавност во Кочани и да се сочека реакцијата на фудбалерите кои се споменуваат во јавноста.