
Тешко повреден кочанчанец кој извршувал работни задачи за ЕВН.
На 02.06.2025 во 16.00 часот во ОВР Кочани, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен В.Н.(55) од Кочани. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во атарот на с.Полаки, кочанско, за ЕВН Македонија. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле екипа од ОВР Кочани и трудов инспектор.