
Откако се добиени сите дозволи и документации за водоснабдување на Штип од ХС Злетовица утре треба да биде потпишан и договорот. Ова како одлука помина и на Советот на Општина Штип, па денеска на терен ги прашавме граѓаните што мислат дали со водоснабдување од ХС Злетовица ќе добиваат квалитетна вода за пиење. Анкетираните граѓани со поделено мислење.
„Би требало да биде подобра таа и да се снабдуват сите со добра вода за пиење.“
„Би требало да биде добра. Сепак, нашата филтер станица е оспособена да преработува и вода од бунарите и површинска вода.“
„Штип е постојано под вода. Јас не сум за да добиваме вода од Злетовица, таму има многу хемикалии. Мене не ми се допаѓа нивната вода, сум пиел. Штип има бунари, ама како одлучат надлежните, така.“
„За Штип ќе биде многу подобро, таа е почиста вода.“
Дополнително на ова прашавме и колку тие се задоволни од досегашното бунарско водоснабдување.
„Задоволни сме, не лошо, добро е што има вода, не е како некаде што нема вода за пиење.“
„Мора да бидеме.“
Со приклучувањето на хидро системот Злетовица Штип ќе биде единствениот град кој ќе добива водоснабдување од две места. Истовремено, ќе се добива по 300 литри во секунда вода и нема повисоките места да остануваат без вода за пиење.
Лаура Стојанова М-Нет