Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ во Истокот на регионален отчет во Кочани

Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ во општините од Истокот на регионален отчет во Кочани. 100 дена откако во прв или втор круг девет општини од Источниот регион добија градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, 100 дена градоначалнички мандат. Истите, според лидерот Христијан Мицкоски, биле период во кој се работело за народот, а градоначалниците не ја изневериле дадената доверба.

„На почетокот на овој мандат со градоначалниците на Штип, Кочани, Карбинци, Виница, Зрновци, Чешиново – Облешево, Македонска Каменица, Пехчево и Ранковце си ветивме дека нема да го заборавиме народот и еве сме после стотина дена“, рече Мицкоски.

Асфалтирање на улици и патишта, реконструкција на игралишта, повеќе капитални проекти, нов или подобрен систем за водовод и канализација се само дел од проектите кои се состоеја во градоначалничкиот отчет. Деветте градоначалници со свои презентации пред јавноста.

Според градоначалниците, за 100 дена реализирале многу проекти, а се трудат да отплатат и големи долгови. Сепак, согласни се дека останува уште многу до крајот на четиригодишниот мандат во кој треба да продолжат да работат за добро на граѓаните и општините.

Ребека Спасова М-Нет