
Со подароци за децата во дневниот центар за аутизам во Штип, општината го одбележа Светскиот ден на лицата со аутизам. Во оваа прилика се истакна дека општината допонително работи на подобрување на условите за живот на децата со аутизам, но и други попречености, па истетите може да посетуваат градинка со тоа што партиципацијата ќе биде надомесетена од страна на општината. Истовремено ќе се отвори и регионален центар во Штип каде ќе се врши класификација на децата со попреченост.
„Со Министерството за здравство веќе работиме на тој проект. Во овој момент се вршат на лицата кои се специјализирани за работа со лица со посебни потреби и откако ќе завршат обуките Општина Штип обезбеди простор каде што ќе се извршува таа класификација на деца со посебни потреби со што ќе го олесниме нивното понатамошно функционирање“ – кажа Ангелова Шорова.
Со отворањето на регионалниот центра за деца со попреченост во прв план се става функционалноста на овие деца, а не нивната попреченост. Целта е децата што е можно порано да бидат опфатени со класификација за нивната функционалност, да се олесни примеот во градинките, но и во образованието.
„За таа цел веќе се вршат обуки на кадри. Тука ќе бидат вклучени специјален едукатор, психолог, социолог, специјален работник и доктор. Истите ќе бидат сместени во Општина Штип и ќе биде Регионален центар. Услугата ќе се дава во работните денови и наша привилегија е што токму овој центар ќе биде во Штип“ – кажа Здравков.
Центарот за деца со аутизам во Штип моментално згрижува седум дечиња, истите се вклучени и се дел од образовниот процес. Овој центра освен што нуди згрижување, нуди и соодветна терпаија, подготовка за вклучување во сите сфери од општеството како и подобрување на соијалната интеракција.
Лаура Стојанова М-Нет