Драган Апостолов е новиот командир на ТППЕ Кочани

Драган Апосотолов е новиот командир на ТППЕ Кочани. Денес во просториите на противпожарната единца во Кочани се одржа примопредавањето, со што Апостолов седна во командирската фотелја. Ккоко нов командир тој пред објективот на нашата камера истакна дека ќе се залага за оваа институција, надминување на нејзините недостатоци и навремено и брзо реагирање во случај на пожар.

„Мојот ангажман ќе биде да работа професионалано и транспарентно исто како што се работеше до сега. Ќе настојувам бројот на пожарникари да се зголеми, бидејќи имаме потреба од работна сила и од професилонални пожарникари, овде ќе го споменам и Доброволното друштво кое е од голема помош“ – кажа Апостолов.

Апостолов е дел од ТППЕ Кочани повеќе од 11 години. Во текот на неговото долгогодишно искуство вели се соочиле со многу предизвици, но како најголеи ќе ги памети пожарите кои минатата година на почетокот на месец август го зафатија Кочани.

Апостолов во командирската фотелја седна на местото на Благој Паунов. На оваа функција тој седна на 23 јануари 2018 година, кога беше именуван за в.д. командир од тогашниот градоначалник на Општина Кочани. Во оваа професија има долгогодишно работно искуство како пожарникар спасител.

Лаура Стојанова М-Нет