
Утре Штип ќе биде домаќин на Меѓународната платформа „Плазма спортски игри за млади“, најголемата спортско-аматерска манифестација во Европа, која веќе три децении ги вклучува децата и младите во спортски активности.
Официјалниот дел започнува со свечена церемонија пред новата пошта кај Градскиот стадион.
Ќе бидат опфатени неколку спортски дисциплини – футсал, одбојка, баскет 3 на 3.
Претседателот на Сојузот на училишен спорт на Штип, професор Зоран Арсов, за М Нет телевизија открива детали од програмата за утрешниот ден.
Настанот започнува во 10:30 часот пред новата пошта, кај самиот Градски стадион каде ќе има и натпревари во атлетика на 60 метри и познатата игра народна.
Општина Штип ќе даде силна поддршка за овој голем меѓународен спортски настан, кој се одржува по првпат во градот под Исарот.
Ваквите спортски настани уште еднаш потврдуваат зошто Штип е град на спортот.
Александар Ванев, М-Нет