
Одбојкарите на ОК Штип УГД направија голем исчекор кон финалето, откако на домашен терен го совладаа ОК Работнички со 3:1 во првиот натпревар од полуфиналната серија.
Штипјани одиграа сигурен и дисциплиниран натпревар, покажувајќи квалитет во клучните моменти. Иако гостите го добија првиот сет со 22:25, домаќините брзо се вратија во ритам и доминираа во продолжението, освојувајќи ги следните три сета со 25:10, 25:14 и 25:12.
Со оваа победа, ОК Штип УГД поведе со 1-0 во серијата и направи важен чекор кон пласман во финалето. Следниот предизвик за тимот ќе биде гостувањето кај Работнички, каде ќе имаат можност да ја заверaт финалната виза.
Самодовербата расте, формата е во подем – Штип УГД јасно ја најавува својата амбиција за титула.