
23 коло на Втората македонска фудбалска лига го носи дерби во Автокоманда меѓу лидерот Скопје и Брегалница соочување на две екипи кои претендираат за влез во Првата македонска фудбалска лига, дерби кое ќе го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 15:30 часот.
Двете екипи играат во победничка форма и максимално подготовени ќе ги одмерат силите на „Железарница“ во обид да стигнат до трите бодови.
Влогот од овој меч е голем, трите бодови може да се покажат и клучни во трката за првата позиција. Брегалница беше подобра на првото соочување во Штип, а интересно е тоа што овие две екипи во меѓусебните дуели во сите конкуренции од 2007 година наваму вели дека играле најчесто нерешено, а Скопје чека на победа против Брегалница од 2009 година.
Оваа дерби може да донесе и нов лидер на табелата. Брегалница со триумф ќе избие на првото место, Скопје со триумф ќе остане прв, реми не им оди во прилог, бидејќи во таков случај Охрид може да се врати на првото место или пак Шкендија Арачиново.
Следете го дербито од Автокоманда меѓу Скопје и Брегалница, директен пренос од стадионот „Железарница“ сабота од 15:30 часот на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет