
Денес пред штабот на ОО СДСМ Штип, прес конференција одржаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение проследете го интегралниот текст од прес конференцијата:
Почитувани,
Додека граѓаните губат работни места и кој како знае се бори со долгови, сиромаштија и со опасната пандемија, локалните моќници ја користат ситуацијата и си ја обезбедуваат иднината. Така некако би ги опишале вработувањата во државна администрација, меѓу кои двајца сопружници на високи функционери на СДС од Штип.
Скандалозно и неодговорно за сите граѓани е тоа што досегашниот претседател на Општинската организација на СДС Никола Тушев, си ја вработи својата сопруга на местото Раководител на сектор во затворот во Штип. Инаку зет на Тушев е Бојан Маричич, советник за меѓународни прашања на Зоран Заев. Придружба на Тушев му прави и сегашниот шеф на изборниот штаб на СДС во Штип, инаку Раководителката на Сектор во Општина Штип, Билјана Казанџиска, која си го вработи сопругот во Музејот во Штип.
Од нивните постапки се гледа дека брзаат да си ги обезбедат членовите за семејството, затоа што очигледно, власта им се лизга од рацете!
Пред јавноста “глумат” загриженост, а зад затворени врати ги ситуираат своите семејства.
По сето ова што можевме да го видиме изминативе години, членовите на СДС се заложници на неколку семејства во таа партија. Затоа додека “бродот тоне”, знаете кои први се спасуваат…