
Со положување свежо цвеќе, делегација од армијата, полицијата, општината, политички партии, членов на сојузот на борци и останати граѓани, денеска се одбележа 154 тата годишнина од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Пред чинот на положување цвеке, пред присутните беше изложена бографијата на Делчев, која покажува дека е една од најзначните личности во македонската историја.
Инаку, настанот се одржа пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев во дворот на храмот успение на пресвета Богородица и ректоратот на УГД Штип. Граѓаните се потсетија на ликот и делото на овој херој, кој животот го даде за слободата на Македонја.
Иван Митев, М-Нет