Ренген апаратот и мамографот во КБ Штип не се во функција, во тек се преговори за да се набават нови

Ренген апаратот и мамографот во КБ Штип не се во функција, а во тек се преговори за да се набават нови. Директорот Владко Захариев од таму вели дека е планирано да се набави нов ренген апарат, а стариот засега да се поправи најбргу што може. Дефектот на мамографот рече дека е голем, па затоа и занего се прави напори да се набави. Сетоа тоа зависи од буџетот што ќе го направат со фондот за здравство во следните денови.

,,Се надевам дека ќе ги вклопиме тие апарати што сакаме да ги вклопиме. Во моментот од вчера за жал се расипа ренген апаратот, кој што е дотрајан. Денеска или утре ќе одам во преговори, да видиме, во план да има нов ренген апарат, но сега ургентно што е е овој стариот што е да го поправме максимално најбргу што може. Исто така во преговори сме и во длема, чекаме одговор од фондот за мамографот, бидејќи дефектот на мамографот е голем, дали да се набави нов апарат или не, ќе видиме во склоп на буџетот што ќе го направиме сега овие денови.“, рече Захариев

Доколку има дополнителни средства, Захариев потенцираше дека ќе се набави и дополнителна апаратура, потребна за болницата.

,,Планот на нас како менаџерск тим што го направивме, кој беше нескромен туку реален, бидејќи имавме многу апаратура. Сега што е работата да најдиме баланс, бидејќи сите знаеме дека апаратурата ни е дотраена. Ќе направме максмално тие ургентни апарати што треба да ги набавиме и дај Боже ако има дополнителни средства сме во договор дека ќе го прошират буџетот и ќе може и некој друг апарат да набавиме.“, додаваат Захариев

Инаку, како што потенцираше тој, нивните барања до фондот биле доста поголеми, но финансиските услови на истиот биле послаби. Со најавеното зголемување од 10 до 15 проценти, се очекува да се обезбедат средства и за дел од неопходната медицинска опрема, што ќе значи подобри услови и поквалитетна здравствена услуга за пациентите.

Иван Митев, М-Нет