
Околу 60 вработувања и зголемување на буџетот од 10 до 15 проценти се очекуваат во 2026 година во КБ Штип . Како што денеска истакна директорот на болниата Владко Захариев, нивните барања биле доста поголеми, но финансиските услови на фондот биле послаби.
Со најавеното зголемување од 10 до 15 проценти, се очекува да се обезбедат средства и за дел од неопходната медицинска опрема, што ќе значи подобри услови и поквалитетна здравствена услуга за пациентите.
,,Буџетот се планира некаде 10 до 15 посто да бде зголемен. Зошто се вакт преговори. Наште барања беа доста поголем, но условите фнансиск на фонот се тие што се и во моментот правиме корекција на планот и на буџетот, за да го поднесеме, кореграна во рамките што тие се можност на нас да ни го прошират. За КВ Штип се очекува од 10 до 15 посто проширување. Се надевам дека ќе ги вклопиме тие апарати што сакаме да ги вклопиме.“, рече Захариев
Прашан што е со вработувањата за 2026 година, тој рече дека покрај останатите вработувања, очекуваат дека ќе имаат и вработување на приватни специјализанти во државно.
,,Согласност за договор на дело вчера стигна во болнцата, значи овие денови на тие вработен што се по договор на дело ќе има потпишување и го реиспративме, го освеживме тој договор за вработување што беше на неопределено за 25. Од поледелникот го пуштивме во Скопје за да го добме тој договор за 25 и сега оптимистички би сакале и тие 31 што ни се договор на дело да успееме да ги трансформираме оваа година Значи тоа би било некаде околу 56 до 60 вработувања што ги имаме и се надеваме на таа втора етапа од министерство за здравство што е за вработување на приватни специјализанти во државно и тука да имаме некоја бројка, така да се надевам да не бидеме под 60 оваа година.“, додава Захариев
Акцентот како што потенцираше директорот Захариев ќе биде на среден и помошен персонал. За сметка на високиот кадар што го имаат, тој додаде дека ќе има многу помалку доктори, одколку болничари ,сестри, шофери и сл.
Иван Митев, М-Нет