Штип и с. Истибање располагаат со геотермални води, ама колку истите се искористени?

Геотермалните води со ои располагаат дел од општините од Истокот можат да понудат добар развој на туризмот, но колку истите се искористени. Во Штип работи бањата Кежовица, а во Истибање речиси и да нема искористеност на ова природно ногатство. Со цел да се помогне на општините и развојот на туризмот ИПР работи на проекти со кои целосно би се инвестирало и би се развиле обновливите извори на енергија.

„Во источниот регион има голем капацитет за туризмот. Како пример ќе ги набројам геотермалните води кои ги имаме во Штип и Истибање. Овде е реката Брегалница, имаме голем капацитет за развој на обновливите извори на енергија, однонсо тука се фотоволтаиците и ветерниците така да општините со своите предлози ние сме овде да поддржиме.“ – вели Здравков.

Во периодот кој следи се очекува да започнат активностите преку кои ќе се работи на реконструкција на сместувачкиот капацитете на бања Кежовица, а се очекува и поголем број на инвеститори кои би придонеле за развој на туризмот. Кога е во прашање Истибање, се прават преговори со Локалната власт за да се работи и да се искористи геотермалната вода.

„Геотермалната вода во Кежовица е втора по лековитост во Европа и континуирано работиме да го промовираме тоа, односно да привлечеме туристи. Еве ќе започне да работиме на реконструкција на сместувачките капацитети во Кежовица, а се работи и на привлекување на инвеститори“ – додава Здравков.

Општините од Истокот аплицираат со свои проекти до ИПР, со цел да добијат поддршка и на тој начин да придонесат во развој на туризмот, образованието, земјоделството и слично.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет