„Умрело дете за баница“ – традиција и обред во сабота пред Прочка

Умрело дете за баница е жив обичај, кој се уште се практикува во денешницата. Овој ден секогаш се паѓа во саботата пред пранзикот Прочка, кој не потсетува на хуманоста и дарежливоста. Според традицијата и онака како што во народот е познато дури од времето на нашите баби и пра баби на овој ден се прават обредни баници со сирење во чест на денот и детето. Но, она што е специфично е тоа што и на нашите предци, нивните мајки и баби го почитувале овој ден, што го доведува фактот дека денот има длабоки корени во македонската традиција. Од друга страна она што е симболично на овој ден е тоа што е последниот во кој се јадат млечните продукти со што утрешниот ден Прочка ќе го назначи почетокот на Велигденските пости. . Приказната има тривијален карактер и зборува за тоа дека, некогаш на тој ден некое сиромашно дете, барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница, ниту пак некој му дал да јаде. Но, веројатно е дека зад оваа приказна стои крајот на сиропосната недела кога постот станува построг.
Понатаму останува прашањето дали и во останатите краеви на државава се негува оваа традиција, кој сепак од трета страна ги подучува девојките да бидат вредни и домакинки.

Иван Митев, М-Нет