Штип домаќин на годишното собрание на комунални инспектори – кои се предизивиците со кои се соочуваат?

Штип денеска беше домаќин на годишното собрание на комуналните инспектори, на кое се дискутираше за најактуелните проблеми со кои се соочуваат и решенија за истите. Бројот на комунални инспекори во помалите општини пред се и понатаму останува еден од главните проблеми, иако во дел од општините ова веќе се решава. На пример во Општина Штип има помошник комунален инспектор, со што се ублажува еден од најголемите проблеми.

„Проблем на граѓаните е околу фрлањето на отпадот. Граѓаните многу често отпадот и не го фрлаат во канти за ѓубре и во контејнерите. Исто така се соочуваме со градежен шут на јавни површини, стар мебел и слично.“ – вели Везнеков.

За разлика од Штип каде главниот проблем е одлагањето на отпадот, во Општина Струмица се бара решение за повеќе места каде може да се одлага отпадот од земјоделските производи и да се користи повторно со тоа што ќе се произведува ѓубре.

„Во поглед на управувањето со отпад кој произлегува од земјоделското производство можам да кажам дека нашата Општина има направено големи проекти за истиот тој отпад да се користи повторно. Ова дава резултат, поголемите производители го користат и прават од него ѓубре“ – вели Ташевски.

Во руралните општини најголем проблем за комуналните инспектори се дивите депонии. Проблем прави и канализацијата, но се бара решение.

„Најмногу се соочуваме со проблемите со дивите депонии. Уште поголем проблем се одлевањето на отпадни или било какви води бидејќи селата се без канализација. Тука најчесто се прекршува Законот“ – вели Минов.

Годишното собрание на комунални инспектири се одржива секоја година, а на ниво на државата има околу 150 комунални инспектори.

Лаура Стојанова М-Нет