Штип – градоначалникот Благој Бочварски со честитки по повод Курбан Бајрам

По повод празникот Курбан Бајрам до верниците од исламската вероисповед честитка упати градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, во која им посакува празнични мигови, исполнети со многу љубов и семеен мир.

Верскиот празник градоначалникот Бочварски го честита со желби за многу успеси, а исто така во моментите на пандемија, им посакува и многу здравје. Тој порачува да се почитуваат мерките и препораките, за да се заштитат себе си и сите наоколу.

Ќе дојдат подобри времиња, кога овие празнични мигови ќе може да ги минуваме собрани со семејствата и во верските објекти, а до тогаш да покажеме општествена одговорност, за доброто на сите нас. Во моменти кога нашиот град и нашата држава минуваат низ тешки мигови и искушенија, меѓусебното почитување и почитување на различностите е знак дека цврсто чекориме по патот на едно општество за сите – стои во честитката од Бочварски.