Штипјанките Душица Бреслиева и Мила Штериева освоија бронзени медали на Балканско првенство во таекводно

Такевондо репрезентацијата на Македонија бележи големи успеси на меѓународната сцена, на Балканското првенство во Бугарија, каде репрезентативките Душица Бреслиева и Мила Штериева кои доаѓаат од таеквондо клубот Штип, освоија две бронзени медали.

Бреслиева како што вели тренерот Жарко Арсовски за влако не се пласирала во големото финале, а за првпат на меѓународна сцена Мила Штериева го освои бронзениот медал.

„На вчерашниот ден имавме два брозени медали на Душица Бреслиева на која за влако и избега финалето и за првпат на меѓународна сцена настапува Мила Штериева којашто го освои брозениот медал“, вели тренерот Жарко Арсовски.

Од штипскиот клуб на Балканското првенство во Бугарија настапи и со други натпреварувачи кои покажаа одлични резултати, а тренерот Арсовски е задоволен од прогресот.

„Имавме и други натпреварувачи кои што сите покажаа карактер дека сакаат да настапуваат, да победуваат. Искуството си го однесе своето меѓутоа сите ние сме задоволни од нивните борби и се надеваме дека со подобро искуство во иднина ќе имаме големи резултати“, вели Арсовски.

Максим Арсовски денес забележа минимален пораз од репрезентативец на Босна и Херцеговина со резултат од 2:1 во рунди.

„Во текот на денешниот ден Максим Арсовски го заврши својот настап минимално загуби од репрезентативенц на Босна и Херцеговина со резултат од 2:1 во рунди. И кај него искуството делуваше на овој минимален пораз меѓутоа очекуваме во иднина дека тоа ќе се подобро со повеќе турнири, со повеќе искуство да освои големи резултати“, дополнува Арсовски.

Денес ќе се натпреваруваат Сара Тодорова и Павел Басаров, а тренерот вели дека очекува барем еден медал од нив.

„Во текот на утрешниот ден на Г1 турнирот тоа е турнир на повисоко ниво ќе настапат Драгана Ефтимовска во јуниори минус 63 килограми и Душица Бреслива во јуниори минус 55“, заклучи Арсовски.

Тренерот Арсовски очекува тешки борби, но се надева на одлични резултати.

Александар Ванев, М-Нет