Одбојкарките на Младост УГД од Штип новата сезона ја започнаа со триумф над Фит Фан Волеј

ФОТО: ОК Младост УГД

Одбојкарките на Младост УГД од Штип новата сезона во Првата лига ја отворија со триумф на домашен терен над Фит Фан Волеј со резултат од 3:1.

Одбојкарките на штипскиот клуб мотивирано го започнаа натпреварот со една цел – триумф на стартот од новата сезона. Младост УГД одлично го отвари натпреварот со тотална доминација и целосна контрола над резултатот, но како што велат од клубот имало моменти на големи осцилации, но истакнаа дека ова победа е поттик, но и јасен сигнал дека има уште многу да се работи.

Публиката која беше присутна во штипската сала „Јордан Мијалков“ проследи еден одличен натпревар, а на крај заеднички се радуваа на триумфот.

Во однос на останатите натпревари од првото коло Работнички со убедливи 3:0 го декласираше составот на Струмица на свој терен, а пак Ускана Волеј доживеа висок пораз од 0:3 на свој терен од екипата на Вардар ЕМ.

Висок триумф забележа и тимот на Наковски Волеј од 3:0 над Газели Волеј, додека пак Пелистер Волеј немаше сили за Јанта Волеј КВ и загуби со 1:3.

Александар Ванев, М-Нет