
На 03.08.2020 во 11.41 часот, во СВР Штип, С.Ѓ.(46) од Штип, пријавила дека на 03.08.2020 во периодот од 03.00 часот до 10.00 часот од страна на непознат сторител ѝ било одземено патничко возило „хјундаи акцент“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на Д.А., паркирано на ул.„Балканска“ во Штип. По преземените мерки од страна на полициски службеници, пријавеното возило е пронајдено на ул.„Железничка“ во Штип, одземено од 17-годишник и вратено на пријавителката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.