
Фризури, нокти, депилација и други третмани се дел од редовното одржување на изгледот кај многу жени. Граѓаните велат дека тоа не го доживуваат како луксуз, туку како потреба, иако трошоците можат да варираат. Некои нагласуваат дека со умерено трошење може да се постигне уреден изглед без големи финансиски оптоварувања. Други, пак, сметаат дека месечните суми знаат да бидат значително повисоки, особено во време на прослави. Сепак, преовладува мислењето дека вреди да се вложува во изгледот, бидејќи тоа носи самодоверба, задоволство и позитивна слика за парот.
„Многу е тешко, има врска, некој жени се многу скромни, како мојата жена, нема проблем за одржување. Има жени, пола и повеќе плата само за џунџурење. Добро па и жената си печали, и таа си работи.Од мојот приход колку треба да одделам, една третина, една третинка од платата и доволно и е. Вреде, зошто да не вреди. Ако таа е дотерана, значи партнерот со тебе е дотаеран, убав, и ти ќе бидеш исто така како неа, среќен, убав, дотеран.“
Голем дел од анкетираните велат дека колку и да е голема сумата, сам човек не е за никаде, па затоа вреди да се троши на својот партнер.
„Зависи до жената и до мажот. Месечно, па на еден до два месеца еднаш. Ако нема свадби, доколку има свадби, почесто, но поретко свадби има веќе. Е треба да се одржува и треба да се гледа, бидејќи како дојде време, си останавме сами дома, мора да се гледаме ние самите. Жена како ќена, треба да се подшиша, да се офарба, да се подсреде малку да се дотера, едно 10/15 евра ќе фати таа фризура, но тоа во два месеци еднаш, да се среде.“
„Многу е тешко, сега на овие скапотии, сите цени се високи и прехрамбени работи, се се е покачено, тежок е живото и за младите, за сите. Мора да се одржува, сам човек е за никаде, не бива сам.“
Покрај изгледот и самодовербата, дел од граѓаните овие трошоци ги гледаат и како инвестиција во меѓусебната почит и внимание во заедницата, па велат кога партнерот до тебе е задоволен и ти функционираш подобро.
Дајана Сандева, М-Нет