
Полна е брана Калиманци, годинава има доволно количини вода за наводнување. Според договорот 48 проценти вода е планирано за подружница Свети Николе, додека повеќе од 50 проценти за подружница Брегалница. Директорот на АД Водостопанство Горанчо Зашков, смета дека оваа година успешно може да се заврши наводнителната сезона во истокот. Имајќи во предвид дека само лани имале 80 милиони метри кубни вода на располагање, Зашков вели годинава имаат 110 милиони метри кубни вода за наводнување.
,,Моментално брана Калиманци е полна 114 милиони метри кубни вода. Моментано значи работиме со пет ипол метри кубни вода во секунда, вода за наводнување, која што се пушта по течението на река Брегалница. Река Брегалница досега е зфатена на две места имаме зафати. Во наредниот временски период до 29 април ке ги зафатиме сите времени зафати на реката Брегалница. Во подружница Брегалница за 2026 година имаме планирано околу 3600 хектара под ориз, како и 600 хектари други култури. Oваа година вода за наводнување има доволно. Според договорот 48 посто вода е за подружница Свети Николе, додека 52 посто е за подружница Брегалница. Имајки во предвид дека лани имавме на располагање 80 милиони метри кубни вода, успешно завршено, оваа година имаме 110 милиона метри кубни вода за наводнување. Сметаме дека можеме успешно да ја завршиме наводнителната сезона.“, вели Зашков
Оваа година директорот Зашков вели дека се подготвува и левиот магистрален канал, со цел годинава, вода да може да има и до Аргулица. Планирано е вели следната година да се почне и со секундарната мрежа.
,,Оваа година после 94 тата година, го спремаме левиот магистрален канал и буквално ќе биде пробно пуштање вода за наводнување, за да можеме оваа година да донесиме вода и до Аргулица, што значи годинава ќе се сконцентрираме примарниот канал, левиот магистрален канал. Наредната година да почнеме и секундарната мрежа, цефковоите да ги санираме и некако да ја оспособиме комплетната мрежа што е на левиот магистрален канал.“, додава Зашков
Според изјавата на дир. Зашков, годинава има доволно количини вода во брана Калиманци, со што земјоделците немаат простор за страв и паника.
Иван Митев, М-Нет