Штипјани и виничани најхумани во дарување на дефицитарна конвалесцентна крвна плазма

  • На  апелите на Институтот за трансфузиона медицина за дарување на конвалесцентна плазма добиена од сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, најголем број се огласиле крворадители од источниот регион. Од досега обезбедените 142 единици ковалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид -19, високи 63 проценти се од 10 општини од Источниот регион. На ранг листата за дарување на популарната т.н животоспасувачка течност високо котираат kрводарители од Шттип и Виница кај кои на почетокот на пандемијата имаше одбивност и страв од дарување. Меѓу крводарителите кои успешно оздравеле од коронавирусот се среќаваат и млади лица кои за прв пат даруваат крв. Општината Виница која во повеќенаврати е прогласена за шампион во крводарувањето на драгоцената течност, се гордее со хуманост на дело, бидејки нивниот црвен крест преку пропаганда за значењето на конвалесцентната плазма успеа да ги разбие сите табуа поврзани со дарувањето на крв од пациенти кои се соочиле со кобната зараза.

Еден од дебитантите во хуманата мисија е Деан Ристов од Виница Во неговата изјава  вели дека од Ковид-19 заболел во август, имал  полесна клиничка слика, со симтоми како омалаксаност, без осет за мирис и вкус и по неговото успешно заздравување одлучил да помогне таму каде што е навистина неопходно. Апелите на крводарителите се однесуваат нафактот дека со дарувањето крвна плазма покажа вистинска хуманост, следејќи го својот човечки инстинкт да помогне на пациентите кои во моментов се соочуваат со Ковид-19.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет