Рејчел Галовеј амбасадорка на Велика Британија во нашата држава, денес ја посети Општина Виница. Во оваа протоколарна средба од локалните власти беше информирана, за текот на проектите кои се финасирани од страна на Кралството Британија. Амбасадорката го посети Музејот Теракота, имаше разговор со претставници на политичките партии. И изрази големо задоволство од досегашната успешна соработка со виничката локална самоуправа. Како еден од најзначајните проекти галовеј е проектот хера.

Градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров ја потенцираше значајноста на помошта од страна на британската амбасада. И пред амбасадорката Рејчел Галовеј изразувајќи блкагодарност се осврна и на условите во кои работи Општината. Темпото на реализација на проектите како и на начините за справување со пандемијата.
По завршувањето на средбата како заклучок беше нагласен интересот за имплементација на нови проекти кои ќе бидат реализирани со финасиска помош од оваа амбасада.
Маре Стојилова / М Нет
Монтажа: Игор Зиврев