
Штипјани со повисок кофициент на емоционална интелигенција од скопјани, радовишани заостануват зад струмичани, а битолчани засега највисоко котираат на скалата за мерење на емоционалната интелигенција кај урбаното население.
Ова го покажуваат првичните заклучоци од мерењата кои се во тек и кои за прв пат се случуваат на колективно ниво, односно на ниво на држава.
По примерот на земјите во регионов, Македонија е вметната во базата на податоци, каде се потребни наоди за пополнување на графата за поемотивно интелигентни или пак поемотивно неинтелигентни личности, кои живеат во урбани и рурални подрачја.
Обработените податоци од страна на стручен тим, составен од универзитетски професори, засега нашата држава ја лоцира на средишниот дел на списокот на земји од западен Балкан.
Истражувањето уследи по огромниот иселенички бран што ги зафати бившите југословенски републики, изјави за М-Нет проф. др. Мирослав Крстиќ, кој објаснува дека повисокиот коефициент на емоционална интелигенција се рефлектира помеѓу другото и преку лична тенденција и стремеж кон благосостојба, како и преку изборот на поквалитетен начин на живот.
Емоционално интелигентните луѓе секојдневно го трасираат патот кон живот со помалку стрес, поголема наобразба, следење на светски трендовски живот, како и фокус на етика на здравјето, етика кон природното опкружување, како и информатичката етика.
Токму во овие сегменти предначат кочанчани пред беровчани, каде еколошкиот аспект при третирање на колективната емоционална интелигенција е на трето место.
Истражувањата продолжуваат, а поставената хипотеза се однесува на тоа дека поемотивно интелигентните луѓе ја напуштаат територијата на Република Северна Македонија, општо познат факт. Она што е непознато и обратната миграција на македонци, кои по 20 години работа во странство се враќаат и купуваат недвижности.
Нивната емоционална интелигенција измерена на веќе и кај стандардизирани скали ја рефлектира европската навика за материјално обезбедување на повозрасни години, односно живот во благосостојба.
Во однос на повисока емоционална интелигенција, овие истражувања потврдија дека сепак истата е повисока кај жителите во градовите, отколку кај населението во руралните подрачја.
Првичните анализи покажаа и тоа дека србите процентуално имаат повисока тенденција кон благосостојба на македонците.