Штипјани делумно согласни за прифаќање на предлогот угостителските објекти да работат до 18 часот

За претстојните новогодишни и божиќни празници, Комисијата за заразни болести на седницата која се одржа утринава предложи нови рестриктивни мерки за угостителите. Впрочем, од 18 декември годинава, до 21 јануари наредната година предлогот е угостителските објекти да работат до 18 часот, наместо до 21 часот како што тоа е случајот сега. За ова барање од комисијата за заразни болести, ќе се одлучува на утрешната седница на Владата. Од анкетата која ја направивме во Општина Штип, граѓаните делумно се согласни за воведување на овие нови мерки. Освен кратење на работното време на угостителските објект, комисијата за заразни болести , предлага забрана за групирање, односно прослава на новогодишната ноќ на плоштадите ширум државата. Предлог од комисијата за заразни болести ќе се достави до Владата и за фирмите, односно да се забрани организирање на новогодишни прослави. Се апелира граѓаните да не излегуваат од своите домови по 18 часот доколку немаат потреба за тоа, и исто така да не се групираат во приватни станбени простори и викендици повеќе лица.

Лаура Стојанова М-Нет