Футсал: Вчера се комплетираше 8 коло,тимот на Проект Цико е на чело на табелата

Вчера се одиграа три натпревари со што се комплетираа натпреварите од 8 коло во Првата Македонска Футсал лига. На дерби натпреварот во Скопје тимот на Арбен Бајрами го „тушираше“ актуелниот шампион Шкупи, додека во Велес тимот на Проект Цико забележа победа како гостин и валандовчани се на првото место на табелата. Еве ги комплетните резултати од ова 8 коло:

  1. Кратово – Астибо 6:7
  2. Кеги Моби – Црна Река 3:3
  3. Мал Ајакс – Железарец 0:6
  4. Шкупи – Арбен Бајрами 3:5
  5. Карадаку – Јувентус 9:7
  6. Велес – Проект Цико 4:7

Табела

  1. Проект Цико 24
  2. А.Бајрами 21
  3. Шкупи 19
  4. Железарец 16
  5. Карадаку 15
  6. Јувентус 9
  7. Кеги Моби 9
  8. Црна Река 8
  9. Велес 6
  10. Астибо 5
  11. Кратово 4
  12. Мал Ајакс 2

Првенството во Првата Футсал лига продолжува веќе утре и на програмата се следните натпревари од 9 коло:

  1. Астибо – Кеги Моби
  2. Проект Цико – Шкупи
  3. Црна Река – Велес
  4. Арбен Бајрами – Мал Ајакс
  5. Железарец – Карадаку – ќе играат на 16 декември
  6. Јувентус – Кратово – ќе играат на 17 декември

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk