Од ДИЖС со предлог за казна од 20.000 евра за кочанската компанија „Пејпер мил“

За кочанската компанија „Пејпер мил“ предложена е казна од 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да го запре загадувањето на воздухот со 10ПМ честичките од нејзините оџаци. Граѓаните на Општина Кочани, кои живеат во овој дел од градот, неколку пати излегуваа на протест, бидејќи како што велат тие чадот од оваа фабрика им го загадува воздухот но и водата која се испушта од овој погон. Откако претходно градоначалникот на Општина Кочани побара од Државниот инспекторат за животна средина, да утврди дали во Пејпер мил се работи според стандарди, , инпектори ја посетија компанијата минатиот месец кога беше откриено дека мерењата биле вршени од неакредитирана лабораторија и кога беше извршено вонредно мерење со што утврдиле дека фабриката загадува со прашина и јаглероден моноксид над дозволените граници. Во сегашниот вонреден надзор од Државниот инспекторат за животна средина истакнаа:
„Фабриката беше задолжена да го смени горивото од пелети на метан за да не загадува. Во меѓувреме тие инсталираа опрема за озонирање и извршија корекции на воденото отпрашување. По новото мерење на емисииите, резултатите повторно беа над дозволените заради што беше изречена казна. Како трајно решение Пејпер мил во следниот период ќе треба да вгради филтер и сериозно да ги намали емисиите на ПМ честички“, – истакна Ана Петровска, директорка на инспекторатот. Таа исто така,потенцираше дека во изминативе 23 денови се спроведени 124 надзори, од кои 28 вонредн

Лаура Стојанова М-Нет