„Детските приказни имаат едно правило: на крајот, херојот секогаш победува. Во политичките приказни на „Шефот на Елитата“ изгледа доволно е само да „остварите средба“, да се поздравите и веднаш од тоа да направите историски дипломатски успех. Но, граѓаните заслужуваат факти, а не политички трејлери од Њујорк“, велат од ЛДП.
„Затоа, сакаме јавно да ги демаскираме изјавите кои го отсликуваат вистинското расположение, наместо ПР-от кој што ни го сервираат:
Лага 1: „Разговаравме со Марко Рубио, бидејќи сме стратешки партнери“
Вистина 1: „Се поздравивме од нога, патем не ме ни позна (се гледа на видеото), а со кој Рубио остварил формални средби има на веб страната на Стејт Департментот“
Лага 2: „Имавме договорена средба со американската воена индустрија“
Вистина 2: „Скопска фирма си пуштила самата соопштение дека ја организирала средбата и на банерот така пишува, па тие викнале гости, пред сѐ консултанти.“
Лага 3: „Договоривме инвестиции во македонското стопанство“
Вистина 3: „Ништо не е договорено, правиме презентација на можностите во кои искрено кажано, нѐ претркуваат и соседите и членките на ЕУ“
Лага 4: „Достоинствено ја претставуваме Македонија на важни состаноци во ЕУ“
Вистина 4: „Се поздравивме со Вучиќ, имавме состанок со Јанез Јанша и културно се поздравивме и со другите кои се тука, како Урсула и Антонио“.
За ЛДП не е спорно дека Македонија треба да има силни односи со САД. Напротив, токму затоа бараме тие односи да се градат сериозно, институционално и со мерливи резултати.
На Македонија не ѝ треба Влада која секое поздравување го претвора во историски успех, туку Влада која работи во интерес на граѓаните и Влада која ќе покаже потпишани договори, реализирани инвестиции и нови работни места“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Текстот ЛДП: Детските приказни и Американскиот сон е превземен од МАКФАКС.