Штипјани вчера останаа без вода речиси цел ден

Граѓаните на општина Штип останаа речиси цел ден без водоснабдување и покрај најавата од Јавното Претпријатие „Исар“ дека прекинот ќе биде само неколку часа. Во период кога пандемијата од корона се шири со брзи параметри и бројките рапидно растат и една од основните мерки за самозаштита е личната хигиена и честото миење раце штипјани останаа со суви чешми во своите домови. Од редовите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ излегоа со прес за оваа тема кои се нивните видувања.

Оваа година ќе ја запаметиме не само по појавата на вирусот Ковид 19, туку и по негрижата на ЈП Исар за граѓаните на Општина Штип. Од направената анализа се утврдува дека граѓаните во месец септември останале без вода седум пати исто како и во празничниот јануари, додека во летниот јуни осум пати. Ако ги собереме наведените бројки со останатите денови кога Штипјани биле без вода добиваме дека оваа година досега биле 44 пати со рестрикции на основниот ресурс.

Веднаш после завршувањето на пресот од ВМРО побаравме и одговор став од првиот човек на Исар за причината и зошто толку долго траеше прекинот на вода.

Сакам да ги информирам граѓаните дека овие три години ЈП Исар доста вложи во водоснабдувањето. Во 2018 година се избушени два нови бунари од кои се добива нови 34 литри во секунда, филтер станицата се адаптира за добивање на вода од хидросистемот Злетовица каде што инвестицијата изнесува 4.5 милиони евра. Се случува да се јави дефект на високо напонскиот кабел, трафостаница а сега се случи прегорување на турбината на озонско филтрирање.

Според општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Штип бараат одговорност и поголема ажурност на претпријатието. Оставањето на жителите без вода за пиење и лична хигиена претставува голема опасност и ризик за појава на некоја друга заразна болест покрај опасниот вирус со кој се соочуваме сите ние.