
Во овој период на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 165 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1167 лица со вакви решенија, притоа три лица не ги почитувале решенијата.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот (02/03.11) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 48 прекршоци.