Ново работно време кај угостителите поради големиот број позитивни на Ковид 19

Четириесет и два проценти од направените тестови за корона вирус во нашата држава излегле позитивни. Министерството за Здраство информира дека ново заразени има 565 лица од 1325 тестирања. Во последните 24 часа починале уште 21 лице, од кои најмладиот бил на 45 години, а оздравеле 154 пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 32.997 бројката на оздравени 21.244 а починати  1025 додека бројот на активни е 10 728. Моменталната состојба на хоспитализирани е искачен над 700 лица.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здраство дадоа предлог мерка за промена на работното време кај угостителските објекти кое досега беше до 23 часот да се намали до 21. Од вчера исто така започна да се употребуваат и брзите тестови, од најавените 13.000 пристигнати се 4.000 а останатите се очекува да бидат испорачани дополнително тие се бесплатни за граѓаните и ќе бидат доставени до 13-те болници низ Македонија, од министерството за здраство е најавено дека ќе биде набавена и дополнителна количина на брзи тестови.