
Вчера во Штип завршија подготовките на македонската одбојкарска репрезентација У – 20 за претстојното Балканско првенство што од утре 20 па се до 24 јули ќе се одвива во Припштина, Косово. Селектор на нашата селекција е штипјанецот Ване Санев а помошници тренери се Кристијан Ристевски и Љупче Зенделов кои во Штип подготовуваа 22 млади играчи. Нашата селекција веќе пристигна во Приштина а тренерот Кристијан Ристевски во денешниот разговор не информираше дека подготовките во Штип минале на најдобар можен начин, во одлични услови и со спроведување на сите плански задачи. Врз основа на формата списокот од 22 одбојкари е редуциран на 12 а меѓу нив се и штипјаните Михајло Мирасчиев и Филип Пуздерлиски. Нашата селекција очекува добар пласман со атак на првото место а за него ќе конкурираат и како фаворити се издвојуваат Турција и Бугарија. Инаку покрај овие селекции на Балканското првенство во Приштина ќе настапат уште и репрезентациите на Косово, Албанија и Црна Гора. На првенството ќе се игра секој со секого а Македонија редоследно ќе игра најпрво против Косово, потоа против Бугарија, Албанија, Црна Гора и Турција.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk