Штипјанец удрил во пешак и избегал од местото на несреќата, подоцна бил пронајден и приведен

На 07.07.2023 во 13.33 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на ул.,,Тодосија Паунов“ во Кочани, товарно возило ,,форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(32) од приградската населба Три Чешми, штипско, удрило во пешакот В.Ш.(69) од Кочани и го напуштило местото, но подоцна Ј.К. е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата пешакот В.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани. Во координација со Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.