
Брегалница денес со 1:2 славеше на пријателски меч против Силекс во рамки на подготовките за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Штипските “сини” предводени од стратегот Горан Здравков со победата стигаа со погодоците на Андонов во 25. минута и Колинс во 45. минута, а во вториот дел Силекс намали на конечните 1:2.
Двајцата тренери Михаилов и Здравков им дадоа шанса на повеќето фудбалери.
Брегалница натпреварот го стартуваше во следниот состав: Давков, М. Димитриевски, Јованов, Дикенс, Силјановски, Калпачки, Николов, Ванегас, Андонов, Д. Димитриевски, Колинс
Во второто полувреме деби во синиот дрес на младите Даријан Тасев и Един Мандак.