
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Ф.(32) од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 17.11.2020 околу 20,00 часот на ул.„Косовска“ пријавениот физички ја нападнал Г.П. одземајќи и чанта со пари, клучеви и други лични документи.