„Не е време општината да наградува“ стои во реакцијата на мајката на младиот Питагора

Откако Министерството за Образование и наука не сакаше да му даде заслужената награда на младиот Питагора од Штип, одмоодделенецот од основното училиште „Ванчо Прке“ Штип, кој победи и го освои првото место по математика во натпревар со средношколци, во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа фејсбук се огласи и неговата мајка. Впрочем, по непознати причини како е дозволено основец да учествува на натпревар за средношколци, и откако истиот талентиран ученик го освојува првото место МОН со заклучок дека парична награда нема бидејќи детето не се натпреварувало според одредените стандарди. И по настанот кој ја крена јавноста на нозе, Општина Штип одлучи да му даде еднократна парична награда од 15 илјади денари и да го прогласи за почесен граѓанин на општината. По овие настани мајката на основецот со свој став за целокупната ситуација не ја прифати наградата од општината.

„ Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5. Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно. Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд. Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. За информација, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал). На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.
Што се однесува до тоа општината да исплатна и награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака.“ – стоеше на фејсбук профилот на Давкова.

На натпреварот по математика, младиот Давков го освои првото место во конкуренција со средношколци што зборува за вистинскиот талент на детето, напорот со неговиот наставник кој придонел за ваков голем успех.

Лаура Стојанова М-Нет