
Вчера во 17.30 часот пред Трговскиот центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип, при вршење проверка на индититет, привеле 17 – годишник од с.Лакавица, штипско и А.Т.(27) од Мароко, по што било констатирано дека А.Т. е лице мигрант кој на 04.06.2020 бил забележан од малолетникот пред продавница во с.Лакавица, по што до 08.06.2020 престојувал во домот на малолетникот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока А.Т. бил сместен во Прифатен центар за понатамошна постапка. По целосно докумнетирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.