
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип има два од два на стартот од новата сезона во Втората лига, откако викендот прокнижи нова победа и тоа убедлива над Мега Баскет со резултат од 78:62, меч кој се одигра во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
Одличен натпревар со контрола над играта и доминација против противникот за втор сезонски триумф на штипјани.
Фаворитот Маџари го декласираше Црн Дрим на домашен терен со превисоки 109:72, со што фаворитот доминираше во текот на целиот меч, а висока победа имаше и Работнички 2018 над Водно Санс со резултат од 81:111.
Академија ФМП на домашен терен доживеа нов пораз, овој пат ланскиот прволигаш загуби од Борец Баскет со 70:83, а пак МЗТ Скопје со 81:75 го доби Бутел.
Ланскиот прволигаш Охрид доживеа висок пораз на гостувањето во Скопје од екипата на Ангели со резултат со 83:59.
Максимален учинок од две победи имаат Маџари, Ангели, Соколи и МЗТ Скопје, без победи во новата сезона се Бутел, ланските прволигаш Охрид и Академија ФМП и Водно Санс.
Александар Ванев, М-Нет