Утре се играат натпревари од осминафиналето на Купот: Пилешков ќе им суди на Вардар и Тиквеш, Идризи на Гостивар и Брегалница!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Утре ќе се одиграат осминафиналните натпревари од фудбалскиот Купа на Македонија, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари.

Во Струмица се среќаваат Брера и Беса каде главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје, во Купот односно се среќаваат Вардар и Тиквеш, а дербито ќе го суди Димитар Пилешков од Штип, Фуркан Идризи од Тетово ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Гостивар и второлигашот Брегалница од Штип, а пак Александар Урошевиќ од Тетово ќе им суди на Пелистер и Детонит Плачковица во Битола.

Блгојче Ралевски од Битола ќе биде задолжен за правдата меѓу Шкендија и третолигашот Шкендија Арачиново во Тетово, прволигашот Струга ќе игра против второлигаш Македонија ЃП покрај Охридското Езеро а правдата ќе ја дели Марјан Стојановски од Кичево.

Во Кратово ќе се соочат Силекс и Шкупи каде ќе суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а пак Ивана Пројковска ќе им суди на второлигашот Арсими и на прволигашот Воска Спорт од Охрид.

Натпреварите ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет